Categories: Uncategorized

Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да ја земат судбината во свои раце

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара распишување референдум за ЕУ, нагласувајќи дека граѓаните мора сами да одлучат за иднината на земјата, за својата судбина и судбината на идните македонски генерации.

„Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицковски. Затоа граѓаните се единствени коишто можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена. Сакаме иднина. Распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите коишто живеат во државата“, апелираше претседателот на СДСМ.


Филипче потенцираше дека одлуката мора да биде во рацете на граѓаните и дека никој политичар не смее сам да ја носи таа одлука која се однесува на иднината на државата и генерациите што доаѓаат.


„Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Единственото нешто што е во овој момент загрозено е иднината на нашите деца и животниот стандард на граѓаните во државава. Нема да дозволиме децата да се селат во Европа, во Америка, во Австралија. Не сакам нашите деца да растат тука во оваа земја, којашто е безнадежна, којашто нема иднина“, потенцираше претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago