Македонија

На 1-ви Мај, некои правеа скара во природа, некои заминаа на море, а некои протестираа

На 1-ви Мај, некои правеа скара во природа или во своите дворови, некои заминаа на море, а некои протестираа. ССМ и годинава со протест го одбележа Први Мај – Денот на трудот. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи кон Собранието, па пред Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикалците со јасни барања: Повисока минимална плата, почитување на колективните договори и подобра заштита на работниците на нивните работни места.

За жал, 260 000 работници живеат со плата под 600 евра, а само неколку илјади луѓе сме присутни на денешниот протест – изјави претседателот на Сојзуот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, на денешниот работнички протестен марш по повод 1 Мај – Денот на трудот. Многу работници, според Трендафилов, и покрај тоа што не се задоволни од своите плати, се плашат да се придружат на протестите бидејќи сметаат дека тие се насочени против некого. Претседателот на ССМ во оваа смисла порача дека борбата за повисоки плати треба да биде уште пожестока.

Премиерот Христијан Мицкоски протестите ги оцени како традиционални и нормални за една демократска држава и дека тоа и е работата на синдикатите да органзираат протести и да се борат за работничките права.

Првомајски пртоести беа одржани ширум светот. Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago