Гевгелија

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА за заштита и спасување „ДА ЈА СПАСИМЕ ИДНИНАТА“ во ООУ „Владо Кантарџиев“

Симулациска вежба за заштита и спасување под мотото „Да ја спасиме иднината“ беше реализирана во ООУ „Владо Кантарџиев“, со учество на над 500 ученици, со цел подигнување на свеста и подготвеноста за соодветна реакција во услови на кризни ситуации, информираат од Општина Гевгелија.

Во рамки на вежбата беа изведени повеќе активности што ги опфатија клучните сегменти на системот за заштита и спасување. Учениците и наставниот кадар имаа можност да се запознаат со постапките за противпожарна заштита, евакуација и безбедно згрижување на повредени лица, како и со техники за пребарување на преживеани под плитки урнатини.

Дополнително, беше демонстрирано укажување прва помош и психолошка поддршка, со што се заокружи практичниот пристап кон едукацијата за справување со вонредни состојби.Симулациската вежба се организира по подолг временски период во општина Гевгелија и претставува значаен чекор кон јакнење на координацијата и подготвеноста на институциите и граѓаните. Во нејзината реализација учествуваа повеќе субјекти: Општина Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“, Територијалната противпожарна единица Гевгелија, Доброволното противпожарно друштво „Свети Спас“, Дирекцијата за заштита и спасување- Подрачна единица Гевгелија, како и Црвениот крст на Република Македонија- Општинска организација Гевгелија.

Ваквите активности имаат особено значење за создавање култура на превенција и навремена реакција, особено кај најмладата популација. Преку практична демонстрација, учениците стекнуваат знаења и вештини кои можат да бидат од клучно значење во реални ситуации.

Во наредниот период, вакви симулациски вежби ќе бидат организирани и во останатите основни училишта, како и во детските градинки на подрачјето на општина Гевгелија, со цел унапредување на безбедноста и подготвеноста на целокупната заедница.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago