Радовиш

5000 САДНИЦИ НА ГОТЕН: „БУЧИМ“ и ЈП „Национални шуми“ ја обновуваат опожарената површина

На планината Готен, над селото Јаргулица, на 25 април беше реализирана значајна еколошка акција, при што ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш и ЈП „Национални Шуми“ заеднички пошумија над 2 хектари опожарена површина.

Во рамки на акцијата беа засадени околу 5000 автохтони садници, вклучувајќи црн бор, чемпрес, јасен, јавор, албиција и багрем, со што се поставуваат основите за постепено обновување на шумскиот екосистем во овој дел од земјата.

Посебен акцент беше ставен на изборот на медоносни видови садници, со што покрај обновата на шумскиот фонд се создаваат и дополнителни придобивки за локалните пчелари и биодиверзитетот во регионот. Активноста се реализираше со стручна поддршка од ЈП „Национални Шуми“, кое го обезбеди садниот материјал и ја водеше реализацијата согласно утврдените шумскостопански практики, додека рудникот обезбеди логистичка поддршка и активно учество на своите вработени

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago