Струмица

МВР: Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од Кривичниот законик.

Пријавената М.Т. во време на сторување на делото вработена како советник – урбанистички аналитичар во Сектор за урбанизам комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица, ги пречекорила границите на своите службени овластувања така што постапувајќи спротивно од одредбите на Законот за градење и ограничувањето на деталниот урбанистички план според кој на конкретната локација воопшто не бил предвидена градба, изготвила одобрение за реконструкција. Ваквото нешто воопшто не можело да се смета за реконструкција од причина што предвидените градежни дејствија всушност претставувале нова градба. Истото било евидентно и во самиот основен проект доставен од подносителот во постапката, која постапка наместо да се води како постапка за реконструкција, истата имала елементи на спроведена и одобрена постапка за изградба на нов објект. Пријавената С.Р. во време на сторување на кривичното дело – раководител на Сектор за урбанизам комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица постапила несовесно при вршењето на своите службени овластувања, пропуштила должен надзор во целата постапка и го одобрила предметното одобрение за реконструкција иако знаела, односно морала да знае дека не се работи за реконструкција туку за изградба на сосема нов објект на место каде што согласно деталниот урбанистички план не е предвидена изградба на објект.

Првопријавениот К.К. во време на сторување на делото- градоначалник на Општина Струмица исто така постапил несовесно при вршењето на своите службени овластувања, пропуштил должен надзор во постапката и притоа го потпишал изготвеното одобрение за реконструкција.

Пријавениот Ѓ.М. без да чека правосилно завршување на постапката по предметното барање за реконструкција, започнал со градба на сопствена одговорност и ризик, при што под изговорот за реконструкција на постоечки објект на парцела каде согласно ДУП не е предвидена градба изградил нов објект од втора категорија. Пријавената С.О. во време на сторување на кривичното дело во својство на овластен градежен инспектор при Општина Струмица во постапката која ја водела против Ѓ.М. наместо да констатира дека се работи за бесправно градење на градба од втора категорија, односно наместо да констатира кривично дело кое се гони по службена должност, таа констатирала дека се работи за прекршок од Законот за градење, иако согласно документите кои ги извела како доказ во постапката на инспекцискиот надзор можела и морала да знае дека не се работи за реконструкција на постоечки објект туку всушност се работи за изградба на сосема нов објект, соопштува МВР.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago