Радовиш

Радовиш му оддаде почит на великанот Гоце Делчев, со положување свежо цвеќе на спомен обележјето во Паркот на младите

Денеска во Радовиш беше одбележан 4 мај – денот на загинувањето на најголемиот македонски револуционер и основоположник на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, односно 123-годишнината од смртта на великанот на македонското револуционерно дело.

Со полагање на свежо цвеќе на спомен обележјето во Паркот на младите во Радовиш, беше одадена почит према великанот, а учениците од ООУ Крсте Петков Мисирков, Радовиш, одржаа Беседа за Гоце Делчев „Аманет на Султана, аманет на сите мејки“.

 Свежо цвеќе положија повеќе делегации. Делегација од Општина Радовиш со градоначалникот Љупче Почивалец, делегација на советот на Општина Радовиш предводена од претседателот Гоце Дединец. Делегација на пратеничката Моника Трајанова,  делегација на  Сојузот на борците, делагација ОК на ВМРО ДПМНЕ, делегација на ОО на СДСМ, делегација од Здружението на пензионери, делегација на Здружението за заштита на Човековите права. Делегација на Унија на ветерани при ВМРО – ДПМНЕ, делегација на Унија на жени при ВМРО -ДПМНЕ, делегација на ЈЗУ Здравствен Дом, Радовиш и делегација на ЈП Плаваја, Радовиш.

Учениците од ООУ Никола Крев од Радовиш се поклонија пред спомен обележјето на Гоце Делчев кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Делчев, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago