Categories: Uncategorized

МВР со превентивни активности на темите „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“

Полициски службеници реализираа превентивни активности на темите „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“.

Овие активност беа спроведени во повеќе градови во државата Струмица, Тетово, Куманово, Ресен, Скопје, Штип, Неготино, Свети Николе и Кочани.

  Во непосредна комуникација со граѓаните, им беа објаснети начините како да се превенира семејното насилство и достапноста на услугите за помош и заштита доколку сепак се жртви на насилство. Беше укажано и за тоа што можат граѓаните да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Од страна на полициските службеници беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство, а беше поделен и печатен едукативен материјал.

Во Велес, Скопје, Штип, Кочани, Неготино и Берово беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај, при што на граѓаните им беше потенцирана потребата од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ПО БПС Кавадарци пак, реализираа превентивна активност на тема „Вози технички исправен и светлосно означен трактор“, со цел подигнување на свеста за безбедно и одговорно учество во сообраќајот од страна на возачите на трактори и земјоделски машини и нивна поголема видливост на патиштата. Во рамки на активностите, беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago