Connect with us

Гевгелија

Изградба на нов фекален канализационен систем во Мрзенци, Општина Гевгелија

Media Press

Објавено на

Во населеното место Мрзенци, во тек се градежни работи за изградба на нов фекален канализационен систем на улицата „Александар Бел“, со вкупна должина од 800 метри. Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат ќе се обезбеди целосно покривање на улицата со систем за одведување на отпадни води, што претставува значаен чекор кон подобрување на комуналната инфраструктура во овој дел од населеното место.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во тековните градежни активности, при што беше констатирано дека работите се одвиваат согласно предвидената динамика за реализација на Проектот. Како што информираше Сарамандов, по завршувањето на изградбата на фекалната канализација, предвидено е започнување и на изградба на нов водоснабдителен систем на оваа улица.

Со реализацијата на овие зафати, жителите ќе добијат комплетно уредена комунална инфраструктура, која ќе овозможи поефикасно одведување на отпадните води, стабилно и квалитетно водоснабдување, како и подобрување на условите за живеење и урбан развој на овој дел од Мрзенци.

– Во наредниот период ќе продолжиме посветено да работиме на решавање на сите преостанати инфраструктурни пршања и во другите нови урбани блокови, со цел обезбедување подобри услови за живеење на сите граѓани, истакна градоначалникот Сарамандов.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе