Македонија

Филипче: Кога ќе пресушат пари за тендерите, тогаш ќе дојдат изборите

Изборите ќе се случат во оној момент кога нема да има повеќе пари во касата за нови тендери за Мицкоски и нему блиските, кога ќе престане можноста за дополнителни задолжувања, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју.

Филипче укажа дека и во моментов буџетската дупка е продлабочена.  
„Веќе сега во буџетот недостигаат две милијарди евра. Кога ќе пресушат сите ресурси – еве ни избори. Дали ќе бидат наесен или на пролет, сè зависи од брзината на распишување тендери и од брзината на добивање нови кредити со високи камати, кои ќе ги враќаат нашите внуци“, вели Филипче.


Во интервјуто, тој додаде дека политиката на власта е очигледна – изолација, избори, мигранти за пари. Филипче посочи дека државата веќе се соочува со процес на политичка и меѓународна изолација, што според него е резултат на промашените и неодговорни политики на Владата.
„Како што рековме изолација, избори, па мигранти за пари. Изолацијата е во тек, се спроведува. За американски визи сме ставени во група со земји од третиот свет, а Европската Унија директно вели нема понатамошно продолжување на преговорите додека не се донесат уставните измени. Од друга страна, Мицкоски вели дека нема разговори за тоа додека тој е на чело на влада “, рече Филипче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago