На денешната седница на Совет изгласани Предлог-развојните програми за 2026, за капиталните проекти во Радовиш
Советот на Општина Радовиш на денешната седница ја усвои
завршната сметка за 2025 година на Буџетот на Општина Радовиш, без дискусии.
Исто така Советот ги усвои завршните сметки на 5 -те основни училишта и на
средното училишта Коста Сусинов, за 2025 година, како и на ДГ Ацо Караманов и
на сите јавни институции како што се Центарот за култура Ацо Караманов и ОНБ
Браќа Миладиновци.
На денешната седница советот изгласа Предлог Развојна Програма- Градски пазар за 2026 година.
Предлог – програма за развој 2026, за реконструкција на домот на културата Ацо Караманов и за реконструкција и пренамена на Стоковната куќа, прва и втора фаза.
Беше донесена и предлог одлука за кофинансирање на проект „Изградба на улица Таско Андонов“ во Радовиш, како и предлог план и програма за Уредување на јавни површини во 2026 година.
Единствено дискусија предизвика Предлог одлуката за одобрување финансиски средства на здружението на жени Женска Акција, не околу висината на средствата туку дали е запазена самата процедура. Советникот Јован Ристов реагира дека здруженијата треба да се пријавуваат на Јавниот повик кој го објавува општината, за распределба на средства, а не дополнително во текот на годината кога нема јавен повик, на што се приклучи и советничката Љупка Трајкова, со исти став.
Советот на Општина Радовиш денеска едногласно ја изгласа и предлог одлуката за одобрување и исплата на финасиски средства во висина од 200 илјади денари како донација на Општина Кичево за санација на последиците од поплавата од месец февруари, годинава.