Радовиш

Семестрална теренска вежба на тема „Ниска станбена структура – домување покрај река“, се одржа во Радовиш

Семестрална теренска вежба на тема „Ниска станбена структура – домување покрај река“, вчера 11 март се одржа во Радовиш, во соработка помеѓу Центарот за  културното наследство „Самун и Каднка“ од Радовиш и Кабинетот за проектирање на станбени згради и колективно домување од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во рамки на активностите, студентите по архитектура, заедно со наставниот кадар, реализираа теренски увид на неколку локации долж течението на Стара Река, кои ќе претставуваат предмет на нивната семестрална проектна задача.

По завршувањето на летниот семестар, изработените студентски трудови ќе бидат јавно презентирани пред радовишката јавност во еден од расположливите јавни простори во градот.

Во текот на работниот ден се одржаа и разговори со претставници на Општина Радовиш за актуелните прашања поврзани со старата школска зграда, при што професорскиот колегиум го изнесе својот став во врска со оваа актуелна тема од значење за градот.

Општина Радовиш изрази интерес за воспоставување институционална соработка со Деканатот на Архитектонскиот факултет при УКИМ, која во наредниот период се очекува да биде формализирана со потпишување на меморандум за соработка.

Во рамки на посетата, студентите ја посетија црквата „Св. Пророк Илија“, разгледаа неколку  значајни индивидуални станбени објекти, и присуствуваа на предавање посветено на изградбата и значењето на храмот „Св. Троица“.

„Општина Радовиш обезбеди логистичка поддршка за организирањето на настанот и беше домаќин на овој едукативно-културен настан“, вели  Георги А. Кочев од ЦКН Радовиш, кој беше организатор на овој настан.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago