Учениците дел од проектот СПОРТ ЗА СИТЕ од двете партнерски училишта, од Радовиш и од Руски Крстур, Србија беа во посета на Општина Радовиш
СОУ „ Коста Сусинов“ Радовиш доби проект во партнерство со основно и средно училиштето „Петро Кузмјак “ од Руски Крстур, Србија кој е наречен „СПОРТ ЗА СИТЕ“.
Учениците дел од проектот СПОРТ ЗА СИТЕ од двете партнерски училишта, од Радовиш и од Србија беа во посета на Општина Радовиш, притоа остварија средба со градоначалникот Љупче Почивалец.
Во рамките на RYCO – Суперучилишта нашиот проект „ Спорт за сите“ е со фокус на „Спорт за развој“. S4D – „Спорт за развој“ е забавна, достапна и економична, но многу ефикасна алатка која вклучува не само игра и физичка активност, стекнување на здрави животни навики.
RYCO е меѓувладина организација која управува и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите луѓе во и помеѓу општествата во Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени.
„Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Координатори на проектот се Венка Тадирова и Иванка Спасова.