Објектот е
напуштен од 2012 година, а подрачната работи во непристапни простории под
кирија.
“Денес,
заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски,
извршивме увид во отпочнатите активности за реконструкција на просториите во
сопственост на Фондот, лоцирани во центарот на Гевгелија.
По
четиринаесет години од напуштањето, подрачното одделение на фондот наскоро ќе
се врати во старите простории и согласно новото техничко решение, објектот ќе
биде целосно реконструиран и адаптиран за поголема функционалност и отвореност
кон граѓаните“, вели градоначалникот Андон Сарамандов.
-Обновениот објект ќе се вклопи во обновата на старото градско јадро на Гевгелија. Многу поважно ќе има подобри услови за работа и уште поквалитетна услуга за сите осигуреници од регионот. Ново стариот објект ќе биде пристапен за лица со посебни потреби. Реконструираниот објект ќе има 150 м2 и ќе биде готов за три месеци. Ги посетив и колегите од Фондот, во постоечките простории. Ова е првиот објект што се реконструира, продолжуваме понатаму! истакна директорот на ФЗОМ Клековски кој по тој повод беше во посета на Гевгелија.