Струмица

Општина Струмица ќе постави 6 нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухот на шест нови локации

Општина Струмица ќе постави 6 нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухот на шест нови локации во Струмица.

Со ова значително се проширува и унапредува постоечката мрежа за мерење на квалитетот на воздухот, со што се обезбедуваат попрецизни и подостапни информации за граѓаните.

Градоначалникот Петар Јанков со своите соработници, одржа работна средба со претставници на компанијата „Смарт Флоу“, која ја има добиено јавната набавка за поставување на 6 нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухот на шест нови локации во општина Струмица.

На средбата се разговараше и за нови решенија и можности кои во иднина би можеле да се имплементираат во општина Струмица, со цел понатамошно подобрување на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

Општина Струмица пред околу една година постави вакви мерни инструменти на 6 локации, со цел мерење на загаденсота на амбиенталниот воздух кои што ги мерат концентрациите 24/7 и справување со загадувањето на воздухот, со откривање на потенцијални жаришта.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago