Радовиш

Промоцијата на книгата ,,Денот ви ѕвони на врата” од авторката Стефанија Лукарова од Радовиш

Во ОНБ “Браќа Миладиновци” – Радовиш, се одржа книжевен настан што го исполни просторот со емоции, спомени и топлина – промоцијата на книгата ,,Денот ви ѕвони на врата” од радовишанката Стефанија Лукарова.

Настанот привлече голем број на љубители на пишаниот збор, кои со внимание ја проследија оваа емотивна книжевна вечер.

За делото зборуваше промоторот Борче Панов, кој се осврна на тематската и емоционалната длабочина на книгата, истакнувајќи дека авторката преку искрена и топла нарација ги оживува спомените од своето детство и животните искуства што оставиле силен белег во нејзиниот живот.

Промоцијата беше збогатена со музичка илустрација од Петре Јованов, додека извадоци од книгата пред присутната публика читаше Зорица Аврамова.

Настанот помина во особено емотивна атмосфера, бидејќи во делото авторката се навраќа и на болната загуба на својот брат, преточувајќи ја личната болка во искрено и длабоко човечко книжевно сведоштво.

Многубројната публика со внимание и силни емоции ја следеше промоцијата, поздравувајќи ја авторката со искрени аплаузи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago