Василево

Министерот Перински во посета на Општина Василево

-Преку овие директни средби го унапредивме нивото на непосредна комуникација и политиките ги креираме согласно реалните потреби од терен, а не од канцеларија, вели Министерот за локална самоуправа Златко Перински кој денеска беше во  посета на Општина Василево.

Тој оствари работна средба со градоначалникот Славе Андонов, членовите на Советот и општинската администрација.

„Извршивме и увид во ИПА проектот Creative DG EcoTour, кој се реализира во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021–2027, Приоритет 3 – Интегриран развој на прекуграничниот регион, со цел поттикнување на одржлив, инклузивен и нискојаглероден локален развој во руралните средини. Василево добива реконструиран и опремен Дом на културата во село Градoшорци во кој ќе се воспостават:

Туристички информативен центар за промоција на туристичките можности на регионот;

Музејска збирка – спомен соба посветена на Мис Стон и нејзиниот престој во прекуграничниот регион во 1901 година;

Мултифункционална сала за одржување на културни настани, конференции, изложби и јавни настани“,  истакна Перински на прес конференција

Вкупниот буџетот за Општина Василево изнесува: 302.357 евра, од кои Министерството за локална самоуправа обезбедува кофинансирање од 15%.

-Нашата цел е јасна — силни општини, искористени европски можности и видливи резултати за граѓаните, додава Перински.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago