Македонија

Левица: СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ СО ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ

Трагичниот настан што ја потресе јавноста, во кој жена и малолетно девојче го загубија животот при пад од зграда, не смее да остане сведен на сензационализам или на уште една црна статистика. Овој случај е уште една болна потврда за системските пропусти во (не)постапувањето по случаи на семејно насилство, реагираат од Левица.

„Кога со години се пријавува насилство, кога постојат индикации за сериозни закани и ризик, а институциите не обезбедуваат ефективна заштита, тогаш станува збор за институционална одговорност и нефункционалност на системот што има задача да заштити животи, а не го сторил тоа. Левица бара итна и независна постапка внатрешна контрола во рамки на Министерство за внатрешни работи. Дополнително, потребна е детална анализа на постапувањето на центрите за социјална работа и на целокупната меѓуинституционална координација во случаи на семејно насилство. Јавноста има право на целосна транспарентност – кои пријави биле поднесени, какви мерки биле преземени и зошто тие не резултирале со заштита. Со име и презиме на службениците“, велат од партијата.

„Оваа трагедија ја разоткрива длабоката структурна слабост на системот за заштита од семејно насилство. Постојат сериозни недостатоци во проценката на ризик, во следењето на повторени пријави, во навременото изрекување заштитни мерки и во контролата на нивното спроведување. Кога институциите формално „водат предмет“, а суштински не обезбедуваат безбедност, тогаш тие ја изневеруваат својата основна функција, додаваат од Левица.

Во таа насока, како што информираат од партијата, Левица формира работна група која ќе ги разгледа сите аспекти на институционалното постапување во случаи на семејно насилство – од законската рамка, преку протоколите на МВР и социјалните служби, до праксата на нивна примена. Работната група ќе излезе со конкретни предлог-измени и мерки во најкус можен рок.

-Ова не е момент за политичко надмудрување, туку за институционална одговорност. Пропустите мора да бидат именувани и санкционирани. Системските слабости мора да бидат коригирани со конкретни и применливи решенија. Ниту еден живот не смее да биде изгубен поради административна незаинтересираност и институционална негрижа,велат од Левица.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago