Василево

Обезбедени средства за оградување и партерно уредување на училишниот двор во Ангелци

Оградување и партерно уредување на дворот на училиштето во село Ангелци, Општина Василево.
Средствата за негово целосно уредување се обезбедени, преку Министерството за транспорт и врски и дел од општината.

Како што информира градоначалникот Славе Андонов, уредувањето на училишниот двор опфаќа: изградба на детско игралиште со нови модерни содржини; опрема за вежбање и рекреирање; нови зелени површини; нова урбана опрема(клупи и корпи за отпадоци); изградба на ограден ѕид; поставување на метална ограда и  изградба на пристапни патеки.

„Децата се иднината на секое општество. Тие заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и престој“, вели градоначалникот Андонов.


Средствата за реализација на сите наведени активности, според пресметката  изнесуваат 4.353.893 денари од кои 2.440.000 денари се обезбедени преку Проектот за поврзување на локани патишта (ППЛП) на Министерството за транспорт, со заемот од Светска банка, и 1.913.893 денари од Буџетот на Општина Василево, за што Советот на општината на една од своите седници, донесе одлука.
-Изборот на компанија изведувач на активностите на терен и компанија за вршење надзор на активностите,  беа последните активности, што значи,  дворот на ПУ „Гоце Делчев“ во с. Ангелци набргу ќе почне да го менува својот лик, додава градоначалникот Андонов во објава на социјалните мрежи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago