Василево

Се чисти коритото на река Турија кај населеното место Доброшинци

Општина Васиево во соработка со АД „Водостопанство“, подружница Струмица продолжува со чистење на речните корита .

По чистењето во атарите на селата Владевци и Сушево, тековно се чисти речното корито кај населеното место Доброшинци.  Со механизација на АД Водостопанство, подружница Струмица се отстранува вегетацијата и разните талози со што се нормализира протокот на водата низ речното корито.

„Денес, на лице место, извршивме увид и ги лоциравме најкритичните точки. Овој дел од река Турија се чисти за прв пат. Акцијата се спроведува превентивно, со цел навремено спречување на можни излевања и заштита на домовите, земјоделските површини и безбедноста на граѓаните. Превенцијата е најдобрата заштита. Голема благодарност до екипите на АД „Водостопанство“ за нивниот несебичен ангажман и работа на терен и до директорот на подружницата „Струмичко поле“ Томе Спасов“, стои во информацијата споделена од градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов, кој го потенцира значењето на превенцијата како најбитна, како не би се случила ситуација во која граѓаните и институциите би се справувале со евентуалните последици.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago