Јавен повик за субвенционирање на физички лица – жители на Општина Радовиш за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед
Општина Радовиш објави ЈАВЕН ПОВИК за користење на финансиски средства од буџетот за 2026 година,
за субвенционирање на физички лица – жители на Општина Радовиш за надоместување
на дел од трошоците за купен велосипед согласно Програмата за Локален
Економски Развој, на Општина Радовиш за 2026 година.
Финансиските
средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развојoд
Буџетот на Општина Радовишза 2026 година ќе се
доделуваат на физички лица – жители на Општина Радовиш по поднесено
барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен
велосипед. Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица
кои ќе набават-купат велосипед од минимум 20” (инчи) од
денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе
поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед.
На барателот/физичкото лице ќе му се надоместат дел од трошоците направени при
набавката/купувањето на велосипед во висина од 50% од
вредноста на велосипедот, но не повеќе од 12.000,00 денари.
Јавниот
повик трае 30 дена од денот на објавувањето. Јавниот
повик ќе се реализира по принципот “Прв дојден, прв услужен“.
Јавниот повик се преќинува доколку се утврди дека се исцрпени сите предвидени
финансиски средства пред официјалниот истек на јавниот повик, при што Општина
Радовиш ќе ја информира јавноста на својата веб страна и на огласната табла
дека повикот се преќинува поради исцрпеност на предвидените финансиски средства
и дека повеќе нема да се примаат барања за овој повик.
Потребна
документација за аплицирање на повикот е:
Барање за субвенција (барањето
со изјавите може да се подигнат во архивата на општина Радовиш или на веб
страната на Општина Радовиш);
Фотокопија од важечка лична
карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Радовиш;
Фотокопија од трансакциска
сметка на барателот;
Доказ дека е извршено купување
на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од
деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето
на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој
основ;
Изјава дека барателот нема
искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг
јавен повик од било кој извор во Р.С.Македонија и дека велосипедот нема да
го оттуѓи за период од 2 (две) години;
Изјава за користење на лични
податоци;
Рокот за
поднесување на пријавите е30 денаод објавувањето на
јавниот повик сметаноод05.02.2026 година а
заклучно до 06.03.2026 година, секој работен ден од
07:30 до 15:00 часот.
Пријавата со
целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива
на адреса:
Општина
Радовиш Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш .
На пликот во
горниот лев агол треба да стои:„Не отварај“, а во
долниот десен агол:“Јавен повик за надоместување на дел од
трошоците на физички лица за купување на велосипед.“
Напомена: Пријавите со непотполна
документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се
разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Физичките лица/Барателите ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Решението за субвенционирање на физички лица-жители на општина Радовиш за купен велосипед.