Categories: Uncategorized

ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ДО 16 ГОДИНИ – ЗАБРАНА И РЕГУЛАЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА

Ние сме група загрижени и општествено одговорни родители, наставници, стручни лица и граѓани што започнуваме петиција со која бараме воведување забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години во Македонија.

Под името „Иницијатива за безбедно детство“, ова граѓанско движење има за цел да поттикне законски измени и системска регулација во нашата држава, што ќе ја заштитат дигиталната безбедност, менталното здравје и приватноста на најмладите.

Напредноста на едно општество се мери преку тоа колку ги заштитува своите најранливи граѓани. Дигиталната ера донесе уникатни можности, но и сериозни ризици, особено за најмладите. Тие денес растат во свет каде дигиталните уреди и платформи се дел од секој аспект од нивниот живот – учење, игра, дружење и само-изразување. Сепак, дел од архитектурата на овие платформи е дизајнирана да го максимизира времето поминато на екран, користејќи алгоритми и техники кои ја експлоатираат ранливоста на младите корисници. Кај возрасните тоа може да создаде навики и зависност; кај децата и адолесцентите, кои сè уште се во развој, последиците можат да бидат долгорочни и штетни.

Подигнувањето на свеста и едукацијата мора да продолжат и да се прошират, но тие не смеат да го одложуваат воведувањето конкретни заштитни мерки.
Штетата веќе се случува пред нашите очи. Сите сведочиме на негативните ефекти, од  нарушено ментално здравје, онлајн врсничко насилство, самоповредување, опасни „предизвици“, намалена концентрација и изобличена перцепција за вредности и успех.
Во услови на недоволна законска регулација и слаб надзор, тие остануваат изложени на ризици кои државата има обврска да ги превенира.

Австралија, Франција, Шпанија, Шведска, Данска, Словенија итн. се охрабрија кон првиот и најважен чекор: забрана за употреба на социјални мрежи за деца и регулација на употребата од страна на адолесцентите. Обединетите нации препорачуваат да се подигне возрасната граница за дозволена употреба на социјални медиуми, а Европскиот парламент усвои препорака со која се предлага минимална возраст од 16 години за неограничен пристап до социјалните мрежи во ЕУ. 

Со оваа петиција бараме заштита на нашите деца преку иницирање законска и практична рамка:

●       Воведување забрана за употреба на социјални мрежи до 12-годишна возраст и регулација за деца до 16 години при регистрирање и самостојна употреба на социјални мрежи и платформи за кратки видеа, преку задолжителна верификација или целосна забрана доколку не се прифатат и имплементираат пропишаните стандарди.

●       Обврска за социјалните медиуми и апликациите да обезбедат технички и правни механизми за родителска согласност/сертификат од родител или старател и спречување или ограничување пристап за деца под 12 години.

●       Ограничување на алгоритамско таргетирање и автоматско препорачување креативни и вирусни содржини за профили идентификувани како детски.

●       Обврска за посебна заштита и обработка на детските податоци согласно национални стандарди, со засилени безбедносни мерки.

●       Јасно дефинирани санкции и механизми за брзо отстранување на штетна и опасна содржина.

●       Национална програма за дигитална писменост и поддршка на менталното здравје на учениците и нивните семејства.

Ве повикуваме да ја поддржите и споделите оваа иницијатива, со цел да обезбедиме поздрав и побезбеден развој за нашите деца, по што ќе ги повикаме надлежните институции да преземат одговорност и да иницираат законски измени кои ќе обезбедат безбедна дигитална средина за децата.

Линк до петицијата: https://c.org/g5MnSHrB8Y

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago