По извршената акција на екипите на ЈП „Национални шуми“, заедно со Шумската полиција и МВР во која беа фатени група дрвокрадци кои подолго време ги пустошеле шумите на планината Плачковица во околината на Радовиш, со нов пост се огласи заменикот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов, во кој бара поддршка од радовишани и од Телевизија Кобра како медиум.
– Почитувани граѓани на РАДОВИШ. Нели многу Ви сметаше пустошењето на Плачковица? Нели за наредната недела дури се споменуваа и протести пред општина Радовиш за непреземање ништо за заштита на Плачковица? Нели овие групи покрај штетата што ја правеа на шумата, можеа да прегазат некој возејќи лудо по патиштата со неисправни коли без таблици и крадени дрва? Нели овие луѓе крадеа и по викендиците кои ги имате на Плачковица, што не ги кажете?Ако е така, тогаш зошто не застанете во одбрана на ова кое што го сработивме? – напиша Михаилов на Фејсбук.
Потоа дополни: Ако е така, прочитајте ги коментарите на објавите и кај мене и на сите портали да видите како сограѓани ги бранат “сиромашните” дрвари! Вчера јас и сите кои беа таму ги жртвувавме нашите животи справувајќи се со мафија која направи огромни штети, или не, а?
Ајде мои пријатели Радовишани, планинари, загрижени репортери по планините, екологисти и сите останати кои доста време не “пеглавте” во јавноста дека соработуваме со нив, дека не сме способни, дека ќе се самоорганизирате затоа што државата е неспособна да ве брани, каде сте? Стои во постот на Михаилов во кој ја повикува и ТВ Кобра да ги прочита сите коментари и да ги прераскаже!
Во спроведената координирана акција на ЈП „Македонски шуми“, Шумската полиција и ОВР Радовиш, на планината Плачковица, беа фатени група дрвокрадци и конфискувани 2 моторни возило за превоз на огревно дрво и моторни пили.
Во текот на вчерашниот ден недела, како што информира заменик генералниот директор на ЈП „Македонски шими“ Кире Михаилов, уште една успешно спроведена акција во борба против дрвокрадството, овој пат во струмичкиот крај, во која беа конфискувани запрежни возила, натоварени со огревни дрва.
„Во добро координарана акција изведена од МВР СТРУМИЦА, шумските полицајци од Струмица и ЈП „Македонски шуми“, одземавме 5 запрежни коли натоварени со огревни дрва и други материјали со кои е вршено пустошењето на шумата. Во текот на утрешниот ден ќе бидат поднесени соодветни пријави за сите оние кои денеска беа затекнати во нелегална сеча и нелегален превоз на овие дрвни сортименти“, вели Михаилов.
Инаку ТВ Кобра со години го следи овој децениски прблем со дрвокрадците, укажува и апелира до надлежните институции да бидат поажурни со цел да се спречи пустошење на планините. За поздравување и поддржување е спроведувањето на вакви акции, во насока на сузбивање на дрвокрадството како појава, во која неконтролирано се краде и уништува дрвната маса која е богатство на планината Плачковица и на радовишани како и на струмичките планини и граѓани.
ТВ Кобра апсолутно ги осудува одредени коментари напишани со иронија и потсмев спрема надлежните служби, но и понатаму останува на ставот за поголема ажурност и контроли од страна на Шумската полиција од Радовиш која е соодветно опремена со возила за на терен, со цел дрвокрадството како појава континуирано да се следи и искорени.