Categories: Uncategorized

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со проф. д-р Jean-Michel Eymeri-Douzans од Институтот за политички студии во Тулуз, како и со Неда Малеска Сачмароска.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со проф. д-р Jean-Michel Eymeri-Douzans од Институтот за политички студии во Тулуз, истакнат француски експерт за јавна администрација, како и со Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на Центарот за управување со промени (ЦУП). Средбата се одржа во рамки на проектот „Поддршка за воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници“. 

Разговорите беа насочени кон експертската поддршка за подготовка на подзаконските акти неопходни за воспоставување на Академијата за обуки и стручно усовршување на административните службеници, за изработка на јасен модел според кој ќе се планираат обуките, како и за подготовка на сеопфатна анализа што ќе ги утврди конкретните потреби за обука на административните службеници. Министерот ја истакна значајната улога на идната Академија како институционален столб за континуирано професионално развивање на административните службеници во рамки на Министерството. 

Министерството за јавна администрација во септември годинава потпиша Меморандум за соработка со Амбасадата на Република Франција, со што и официјално започна реализацијата на овој стратешки проект кој има за цел подигнување на квалитетот, ефикасноста и професионалните стандарди во јавната администрација. Во таа насока, министерот Минчев истакна: „Воспоставувањето на Академијата претставува клучен чекор кон создавање модерна, компетентна и сервисно ориентирана јавна администрација. Посветени сме на тоа административните службеници да добијат систематска, квалитетна и континуирана обука, а поддршката од француската страна и од експертите е од исклучително значење за успешно реализирање на оваа реформска цел.“ Оваа средба претставува уште еден важен чекор во унапредување на соработката со меѓународните партнери и во градењето на современ систем за обука и професионален развој на административните службеници.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago