Василево

Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ во посета на општина Василево

Градоначалникот на општина  Василево,  Славе Андонов беше домаќин на учениците од осмо и девето одделени од ООУ „Гоце Делчев“, Василево. Тие заедно со нивниот предметен наставник Наце Тушев  ја посетија  општината и практично, преку разговор со Градоначалникот се информираа за работата на Советот и Градоначалникот, надлежностите на општината и нејзиното функционирање. Посетата беше во рамки на наставната програма по предметот граѓанско  образование.

Во рамки на наставната програма по предметот Граѓанско образование, учениците се запознаа со работата на градоначалникот и Советот на општината. Беа подготвени со многу прашања, на кои секогаш со задоволство одговарам. Ваквите средби секогаш мотивираат и не потсетуваат на најважното – за нив ја правиме Општина Василево поубава“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот.
Кабинетот на градоначалникот секогаш кога за тоа има потреба,  интерес или моменти посебни за споделување е отворен за учениците и нивните наставници.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago