Струмица

Министерот Перински денеска во посета на Струмица, со градоначалникот Јанков, на увид во градежните работи на новиот зелен парк

Градоначалникот Петар Јанков и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска извршија увид во градежните работи на новиот парк во населбата Карпош и засадија дрвца најавувајќи ја следната фаза од неговото уредување.

Според градоначалникот Јанков во наредниот период ќе се врши уредување и раззеленување и на други јавни површини.

-Паркот е со големина од 27.515 метри квадратни и се работи во две фази, во тек е првата која се реализира преку програмата Интеррег во соработка со Европската Унија и министерството за локална самоуправа . Втората фаза ќе биде реализирана во соработка со УНДП – амбасадата на Шведска и министерството за животна средина. Наша обврска е да го уредиме просторот околу паркот со соодветна патна инфраструктура, асфалтен пат, тротоарски пешачки зони за да можата нашите сограѓани да имаат подобар пристап до овој дел на градот и нормално јавното претпријатие „Комуналец“ да го уреди просторот околу паркот. Овде не застануваме. Во периодот којшто следува ќе имаме и други активности за уредување на јавни површини, озеленување и нивно одржување како во градот така и во населените места, изјави градоначалникот Јанков.

Министерот Перински рече дека токму од Струмица продолжува караванот „Каде што срцето е дома“ и очекува реализација на уште многу инфраструктурни проекти.

-Имавме прилика денеска отворено да позразговараме и со градоначалникот и со новоизбраниот општински совет за сите оние предизвици со кои општина Струмица на дневна основа се соочува. Од наша страна беа презентирани сите оние активности коишто Министерството за локална самоуправа и Владата како целина ги прави за да помогне општините да бидат пофункционални и поуспешни во спроведувањето на своите изворни надлежности. Главен фокус ставивме во делот на проектот Ресурсен центар, и општина Струмица, градоначалникот и нејзината општинска администрација ќе биде првата општина којашто ќе го добие оној Прирачник кој како производ излезе од Ресурсниот центар во насока на помош и поддршка во делот на транзицијата на локалната власт. Јас сум убеден дека со градоначалникот, со неговиот ентузијазам, со ентузијазмот на новите членови на Советот, општина Струмица ќе има можност за реализација на уште многу вакви инфраструктурни проекти коишто се одговор на барањата на струмичани. Нека е со среќа, изјави министерот Перински.

Со новиот парк се добива целосно уредена зелена зона за жителите во новиот дел на градот, односно во населбата Карпош и намалување на загадувањето на воздухот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago