Василево

Општина Василево ќе го планира Буџетот за 2026 година заедно со граѓаните, објавен повик за давање предлози

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  упатува отворена покана до сите свои сограѓани да земат активно учество во планирањето и креирањето на Буџетот за наредната 2026  година.
За таа цел, општината преку својата официјална веб страна, на граѓаните им става на располагање и посебна алатка во  електронска форма,  https://opstinavasilevo.gov.mk/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be-2/
преку која најдиректно, од удобноста на својот дом, ќе можат да ги образложат своите идеи и истите да ги испратат до општината. Истото можат да го направат и во писмена форма преку архивата на општина Василево.
Крајниот рок за доставување на идеи и предлози за креирање на Буџетот за 2026 година е  05.12.2025 година.
Во периодот што следува, со истата цел-креирање на Буџетот за 2026 година,  планирани се и средби на Градоначалникот со граѓаните во населените места на општина Василево, на кои во меѓусебна комуникација ќе имаат можност да разговараат за потребите и да предлагаат идеи за нивна реализација.
Учеството во креирањето на општинскиот Буџет е учество во креирањето на иднината на општина Василево.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago