Струмица

Превентивни активности на СВР Струмица, во рамки на кампањата „Безбедно возење со трактор и земјоделски машини”

На 28.10 и 29.10.2025 година, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Струмица во населени места во струмичко, реализираа превентивни активности во рамки на кампањата „Безбедно возење со трактор и земјоделски машини”.


Во непосреден разговор со возачите на земјоделски машини, полициските службеници ги потсетија дека тракторите, земјоделската механизација и приколките мора да бидат регистрирани, технички исправни и соодветно означени. Воедно, ги потсетија дека при учество во сообраќај на пат е потребно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, а се со цел нивна безбедност и безбедност на другите учесници во сообраќајот.
Со цел подобро бележење на тракторите и приклучните приколки,  беа поделени и флуоресцентни  налепници, рефлектирачки триаголници и жолта ротирачка лед ламба за предупредување, кои беа обезбедени од РСБСП.
СВР Струмица апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да возат внимателно и заеднички да придонесат кон поголема безбедност во сообраќајот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago