Categories: Uncategorized

МАКЕДОНСКИ КИЦ ЗАГРЕБ-промовирана научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“ и отворена изложбата „Арсовски – Фотографи

Одржан настан во македонскиот КИЦ во Загреб – промовирана научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“ и отворена изложбата „Арсовски – Фотографи“

МАКЕДОНСКИ КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ВО ЗАГРЕБ

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб беше промовирана монографијата „Во потрага по фотографите Арсовски“ и отворена изложбата „Арсовски – Фотографи“, посветена на досега непознатото, но вредно фотографско наследство на семејството Арсовски. Автор и уредник е д-р Ива Просоли, а публикацијата е двојазична, со текстови од македонски и хрватски истражувачи.

Изложбата и монографијата претставуваат значаен придонес во историјата на македонската и хрватската фотографија. Проектот е реализиран во соработка со Музејот на уметности и занаети од Загреб и Музејот на град Скопје, а ќе биде претставен и во Националната галерија во Скопје.

Фотографското семејство Арсовски, активно во Скопје и Загреб, вклучува две генерации фотографи, почнувајќи од Васил Поп-Арсов, па неговите синови Коста и Владимир. Нивните студија „Арсиќ“ и „Електрофот“ биле важни центри во меѓувоениот период. Делото на Арсовски опфаќа урбани сцени, обичаи, мода и секојдневен живот, и денес претставува значаен документ за колективната меморија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago