Валандово

Перо Костадинов: Институциите мора да бидат функционални, а парите мора да се враќаат назад кај граѓаните

Валандово мора да биде на сите. На пензионерите. На земјоделците. На децата. На родителите. Бизнисот овде мора да продолжи да дише. Без притисоци, без закани и без репресии. Институциите мора да бидат функционални. А, парите мора да се враќаат назад кај граѓаните, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Перо Костадинов од трибината во Валандово.

Во своето обраќање тој најави нови програми со конкретна финансиска поддршка за граѓаните која ќе се реализира преку општинскиот буџет.

10 милиони денари годишно за поддршка на семејни бизниси, 5 милиони денари за спортски клубови, културно-уметнички друштва и граѓански организации, 2 милиони денари за активности на пензионерите, зголемување на субвенцијата за новороденче од 5.000 на 30.000 денари, е само дел од програмата во новиот мандат, рече Костадинов.

Тој презентираше и план за нови капитални инвестиции во урбаниот развој на Валандово и руралните средини: Градски стадион, голем градски парк, базен и балон сала, нова градска библиотека, нови паркинг места и кружни текови, современ систем за управување со отпад, со селекција во секое домаќинство, инфраструктурен напредок и во сите села и населени места во општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago