Радовиш

Работилница на тема „Ментално здравје“ во СОУ Коста Сусинов – Радовиш

На 7 октомври 2025 година (вторник), во просториите на СОУ „Коста Сусинов“ се одржа работилница на тема „Ментално здравје“, организирана од Општинска организација на Црвен крст Радовиш по повод Светскиот ден на менталното здравје (10 октомври).

Работилницата ја водеше Памела Митева– врснички едукатор по ментално здравје, која преку интерактивни разговори и практични активности им помогна на учесниците подобро да го разберат значењето на грижата за менталното здравје, самогрижата, како и начините за справување со стресот и емоциите. Една од креативните активности на работилницата беше цртање и боење на платно, со цел да се ослободат мислите, да се поттикне позитивно размислување и да се изразат емоциите преку боја и креативност.

„Оваа активност придонесе за создавање чувство на мир, поврзаност и саморефлексија кај младите.На настанот учествуваа 20 ученици, кои активно се вклучија во сите делови од програмата, споделуваа мислења и искуства, и покажаа голем интерес за темата. Целта на работилницата беше да се подигне свеста за важноста на менталното здравје меѓу младите, како и да се поттикнат емпатијата, меѓусебната поддршка и позитивниот пристап кон секојдневните предизвици. Настанот се одвиваше во пријатна, опуштена и инспиративна атмосфера, а учесниците изразија големо задоволство од можноста да бидат дел од оваа корисна и значајна обука“ велат од Црвен Крст, Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago