Гевгелија

Гевгелија ќе биде град што дише со своите луѓе и работи за граѓаните, порача кандидатот за градоначалник Миле Атанасов

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Миле Атанасов, од трибината во Гевгелија ја побара довербата од граѓаните ветувајќи подобра иднина на градот, но и борба за достоинствен живот на своите сограѓани и решавање на нивните потреби.

Гевгелија не е само град, Гевгелија е љубов, семејство, живот. Ќе се борам за секој наш сограѓанин, за пензионерот, за младите кои сонуваат да останат тука, за секое село. Во мојот мандат Гевгелија ќе биде врата од градот што ќе дише со своите луѓе, со својата убавина и со својата енергија, порача Атанасов.

Тој ја побара довербата од граѓаните и во својата програма и план за Гевгелија најави изградба на современ и модерен парк, зелена оаза на градот, нова спортска арена, мултимедијален центар за младите, Јужен булевар и катна гаража во центарот на градот. Посебно внимание посвети на новата населба за ранливите категории.

Ќе го решиме и деценискиот проблем со загадувањето, затоа што здравјето нема цена. Но, се обврзавме јавно и со изјави дека во општина Гевгелија во нашиот мандат никогаш нема да бидат доделени концесии за изградба на хидроцентрали, концесии за изградба на рудници, ниту ќе дозволиме мигрантски камп во општината, додаде тој.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago