Малкумина го знаат ова име, но неговата работа спасила
животи на многу деца. Ернст Моро – педијатар од Љубљана – ја променил
историјата на медицината благодарение на навидум наједноставниот рецепт: супа
од моркови.
👶 На почетокот на 20 век, смртноста кај
новороденчињата била застрашувачки висока. Дијареата била една од главните
причини за смрт кај децата. Во 1908 година, Моро смислил рецепт што ја
преполовил таа смртност: половина килограм моркови сварени во литар вода со 3
грама сол. И тоа било сè.
Дури сто години подоцна, научниците разбраа зошто
функционира – во супата се формираат кисели олигосахариди, кои спречуваат
штетните бактерии да се закачат на цревата. Уште повеќе, истражувањата покажаа
дека оваа супа помага дури и кај бактериски инфекции отпорни на антибиотици
Но, Моро не застана тука:
Тој ја воведе стерилизацијата на шишињата за доенчиња.
Тој докажа дека децата хранети со мајчино млеко се
значително поотпорни на болести.
Тој го разви „Моровото млеко“ како рана млечна формула за
доенчиња.
Тој откри млечнокиселински бактерии во ферментирани
производи и ги објасни нивните предности.
Тој го опишал таканаречениот Моров рефлекс кај
новороденчиња – дијагностичка алатка што сè уште се користи денес за
препознавање на невролошки проблеми, на пр. церебрална парализа.
И покрај сите негови заслуги, Моро никогаш не ја добил
Нобеловата награда или некое друго големо признание. Живеел скромно, во 1936
година бил принуден да се откаже од професорската позиција (поради неговата
еврејска сопруга), но до 1948 година се однесувал кон децата со голема
посветеност.
Понекогаш најголемите херои се најмалку запаметени. Ернст
Моро можеби не е широко познат, но секој живот што го спасил е наследство за
кое вреди да се биде благодарен.
🥕 Следниот пат кога ќе јадете супа од
моркови, сетете се на човекот што ја претворил во лек што спасува животи.
(Непознат автор)
Ивор: https://www.facebook.com/photo.php?fbid