Струмица

Во ЦК „Антон Панов во Струмица отворена Изложба на дела од 62-та Меѓународна ликовна колонија

Синоќа во Струмица беше отворена изложба на дела создадени на годинашната Меѓународна ликовна колонија.

Во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ изложени се нови 36 дела создавани во десетдневната 62-ра  Меѓународна ликовна колонија.

 16 уметници од Црна Гора, Бугарија, Србија, Монголија и Македонија, кој беа дел од колонијата, секојдневно твореа во изминатите десетина дена.

Во рамките на колонијата по 37 пат работеше и Студиото за современ мозаик основано од познатиот македонски мозаичар академик Газанфер Бајрам, а од 2011 година го води познатиот сликар и мозаичар  од Струмица Александар Филев.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.

„Колонијата не е само културен настан, таа е симбол на отвореноста на Струмица. Уметници од различни земји доаѓаат овде, носејќи ја својата инспирација и заминувајќи со дел од духот на нашиот град.

Таа размена е најубаво сведоштво дека уметноста е универзален јазик што не знае за граници“, вели градоначалникот Костадинов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago