Македонија

Koj и зошто се палат депонии во државата. Од 5 пожари во Македонија 4 биле на депонии

Koj и зошто се палат депонии во државата. Покрај во Скопје гореа депонии и во Делчево и дива депонија во општина Босилово во село Иловица, реагира заменик генералниот директор на ЈП Македонски шуми Кире Михаилов, во објава на својот ФБ профил

„Денеска во општина Зелениково, помеѓу селата Смесница и Страхојадица повторно во непосредна близина на Скопје беше запалена уште една дива депонија која благодарение на експресно брзата координација на институциите беше ставена под контрола, а во овој момент веќе и угасната.

Во гасењето на таа депонија покрај остантите институции и покрај тоа што овој пожар не е во наша надлежност, екипи на ЈП “Македонски Шуми” од подружницата Караџица од Скопје активно земаа учество.

Она што би сакал да го потенцирам е тоа што некако координирано ми изгледа палењето на депонии токму од јужната страна на Скопје кои директно и најбрзо би влијаеле на амбиенталниот воздух токму во општините јужно од Скопје каде периодов гледаме и активности од страна на граѓаните токму по ова прашање.

Јас искрено би сакал сите да ги прашам зошто немаше вакви жолчни реакции кога ја запалија депонијата во Арачиново?!?

Зошто ниту партиите кои сега се нагјласни, ниту пак граѓаните кои сега се разбидија не дадоа некое посебно значење на тогашната моја реакција и укажување дека целиот чад од запалената депонија од Арачиново влегуваше во општините Илинден, Петровец, Гази Баба и Аеродром! вели Михаилов во својата објава.

Тој додава дека овој пример со палење депонии, некој сака да го преслика на тлото на целата држава при што вчера во Македонија од 5 пожари, гореле дури четири депонии.

„Покрај овие во Скопје, денеска горат депонии во општина Делчево каде огнот и покрај тоа што е под контрола, ѓубриштето тлее и чади и гореше дива депонија во општина Босилово во село Иловица“ вели Михаилов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago