Здравје
Ернст Моро – доктор кој спаси илјадници деца благодарение на едноставната супа од морков
Објавено на
Од
Media Press
Малкумина го знаат ова име, но неговата работа спасила животи на многу деца. Ернст Моро – педијатар од Љубљана – ја променил историјата на медицината благодарение на навидум наједноставниот рецепт: супа од моркови.
👶 На почетокот на 20 век, смртноста кај новороденчињата била застрашувачки висока. Дијареата била една од главните причини за смрт кај децата. Во 1908 година, Моро смислил рецепт што ја преполовил таа смртност: половина килограм моркови сварени во литар вода со 3 грама сол. И тоа било сè.
Дури сто години подоцна, научниците разбраа зошто функционира – во супата се формираат кисели олигосахариди, кои спречуваат штетните бактерии да се закачат на цревата. Уште повеќе, истражувањата покажаа дека оваа супа помага дури и кај бактериски инфекции отпорни на антибиотици
Но, Моро не застана тука:
Тој ја воведе стерилизацијата на шишињата за доенчиња.
Тој докажа дека децата хранети со мајчино млеко се значително поотпорни на болести.
Тој го разви „Моровото млеко“ како рана млечна формула за доенчиња.
Тој откри млечнокиселински бактерии во ферментирани производи и ги објасни нивните предности.
Тој го опишал таканаречениот Моров рефлекс кај новороденчиња – дијагностичка алатка што сè уште се користи денес за препознавање на невролошки проблеми, на пр. церебрална парализа.
И покрај сите негови заслуги, Моро никогаш не ја добил Нобеловата награда или некое друго големо признание. Живеел скромно, во 1936 година бил принуден да се откаже од професорската позиција (поради неговата еврејска сопруга), но до 1948 година се однесувал кон децата со голема посветеност.
Понекогаш најголемите херои се најмалку запаметени. Ернст Моро можеби не е широко познат, но секој живот што го спасил е наследство за кое вреди да се биде благодарен.
🥕 Следниот пат кога ќе јадете супа од моркови, сетете се на човекот што ја претворил во лек што спасува животи.
(Непознат автор)
Ивор: https://www.facebook.com/photo.php?fbid
Поврзани содржини
Здравје
Предупредувачки знаци на заборавеност
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост
Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.
Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.
Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.
Здравје
ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.
Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.
Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)
- Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
- Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.
2. Поддршка на дигестивниот систем
- Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
- Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).
3. Лесна активност без замарање
- За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.
Дали 100 чекори се доволни?
Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:
- 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
- Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.
Здравје
Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак
Published
9 месеци agoна
февруари 18, 2026By
Media Press
Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?
Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.
Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.
Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.
– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.
Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.
Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.
Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.
Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.
На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.
Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.
Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.
Извор: https://denar.mk/42373

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

