Денеска се празнува Преображение, Господ Исус Христос се пеобразил и ја покажал својата божествена природа, пред тројца свои ученици
Денеска
православните
верници го слават верскиот празник Преображение според кој на гората Тавор
Господ Исус Христос се пеобразил и ја покажал својата божествена природа,
пред тројца свои ученици.
Овој празник
е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило пред Христовата
смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат
претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не
ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон Него ги извел на Таворската гора,
и им се покажал во Својата ненадминлива и несоздадена слава.
Во мигот на
Преображението Христос ги озари апостолите со Својата неискажлива светлина, и
сакајќи да им ја покаже светлината на скорешното Негово Воскресение, Он
истовремено им ја покажа и првобитната човечка убавина. Он сакаше човекот да го
дознае своето потекло, да види чиј образ тој го носи, во каква слава, и чест, и
убавина е создаден и кон што е повикан.
По тој повод
во црковниот храм Света Троица во Радовиш денеска се одржа божествена литургија
и се освети грозјето . Преображение спаѓа во Христовиот пост на кој
задолжително се пости и за прв пат се каснува горзје.
Преображение
Господово е еден од оние осум големи христијански празници кој секоја година се
слави на 19 август, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се
преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен.
Овој празник
секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е
збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје,
кое се дели на гробовите за покој на душата.
Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.