Радовиш

Во Радовиш по 15-ти пат се одржа Меѓународен фестивал на староградски песни и серенади „Саноќ Седам“

Викендот во Радовиш се одржа 15 -иот Меѓународен фестивал на староградски песни и серенади „Саноќ Седам“ во рамките на Караманова летна сцена а по повод одбележувањето на Свети Спасо Радовишки, заштитник на градот Радовиш.

Како дел од богатата духовна и културно забавна програма, „Саноќ седам“ повторно го претвори центарот на Радовиш во сцена на љубов, носталгија и раскошни гласови прелеани во серенадни песни.

Покрај домаќините, вокално-инструменталниот состав „Распеани Радовишани“ на фестивалот „Саноќ седам“ учествуваа ансамбли и оркестри од општините Струмица, Штип и Делчево  како и вокално-инструменталната група „Елеганс“ од Ќустендил, Р.Бугарија.

Пред почетокот на фестивалската вечер учесниците продефилираа низ центарот на градот започнувајчи од пред ЦК Ацо караманов до плоштадот Свети Спасо Радовишки

Симболично  и годинава беше испеана и серенада на девојка која се појавуви на балкон, со што се негува традицијата.

Караманова Летна сцена е во органзиација на ЦК Ацо караманов а под покровителство на Општина Радовиш. Велерва ќе се одржи концер на Торја – 10 годишен јубилеј, а гостин на вечерта ќе биде Игор Џамбазов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago