Василево

Општина Василево со АПЕЛ до граѓаните да не палат оган на отворено

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку социјалните мрежи споделувајќи информација за неодамнешниот пожар кај населените места Владевци и Сушево  упати и апел до граѓаните: да не палат оган на отворено.
„Пожарот во Владевци и Сушево е ставен под контрола. Благодарност до ТППЕ , Струмица, (Територијална противпожарна единица) и до локалните жители кои спречија голема штета. Пожарот беше во непосредна близина на првите куќи. Упатувам апел до жителите, да не палат оган на отворено, да не палат стрништа и воопшто да ги почитуваат мерките и апелите од надлежните институции со што во овие екстремно топли денови, би се избегнале пожарите и последиците од нив“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24.
„Потсетуваме дека на сила е забраната за движење во шумите  и дека мината недела,  на територијата на цела држава,  поради зголемена појава на пожари и  полесно справување со истите, Владата прогласи 30 дневна кризна.
Во пракса ова ќе овозможи интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции мобилизирање на сите ресурси со цел справување со пожарите и заштита на населението“, додава градоначалникот Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago