Асфалтирана нова улица во Чанаклија, Општина Василево, која води до големото фудбалско игралиште
градоначалникот на општина Василево Славе Андонов ја информира јавноста дека продолжува со реализација на инфраструктурни проекти кои се од големо значање за жителите од сите населени места во општината.
Викендот е асфалтирана нова улица во село Чанаклија која води до големото фудбалско игралиште. Градоначалникот Андонов изврши увид на работните активности, притоа најавувајќи го континуитетот на асфалтирање на уште две улици во ова населено место планирани со годинешната Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални паишта и улици. Согласно тендерската документација улиците се во должина од 170, 120 и 75 метри, а Буџетот за нивната реализација изнесува 1 551 600 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Василево. „Продолжува градежната офанзива низ општина Василево – секој ден нови проекти, нови работни зони, нови причини за гордост! Летото во општина Василево е работно – со повеќе од 40 проекти кои се планирани за реализација во сите делови на општината! Од изградба и реконструкција на улици, преку изградба на канализационата мрежа до изградба на спортски терени и бетонски канали– работиме на сите полиња! Нашата цел е јасна: подобар живот за сите граѓани! Ова не е само работа – ова е визија која се претвора во реалност“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, со која најавува период со интензивни активности и реализација на повеќе од 40 проекти во повеќе населени места со кои условите за живот за сите граѓани на општина Василево добиваат на квалитет.