Василево

Членовите на хорот и оркестарот при ООУ „Гоце Делчев“, Василево на прием кај градоначалникот Андонов

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во својот кабинет имаше средба со членовите на хорот и оркестарот при ООУ„Гоце Делчев“, Василево, кои на неодамна одржаниот државен натпревар успешно се претставија и се вратија со награди. Оркестарот освои прва а хорот втора награда.

„ Општина Василево имала и сѐ уште има талентирани ученици кои бележат успеси во различни области!  Таква е приказната со членовите на хорот и оркестарот при ООУ „Гоце Делчев“ – Василево кои денес беа гости во мојот кабинет.  Најпрво им го честитав големиот успех остварен на државниот натпревар – I награда за оркестарот и II награда за хорот“, стои во ФБ статусот на градоначалникот Андонов,  https://www.facebook.com/vasilevo24.


На средбата во кабинетот присуствуваа и одговорните наставници за хорот и оркестарот со кои е разговарано околу можностите но и потребите за идниот развој на овие млади талентирани ученици, кои од страна на општина Василево ќе бидат и финансиски наградени.

„Општина Василево ќе им додели финансиски средства на учениците кои се дел од хорот и оркестарот. Дискутиравме за идниот развој на оркестарот и хорот при ООУ “Гоце Делчев” Василево. Општина Василево посебно внимание им посветува на младите таленти, кои се перспективата на Република Македонија.  Со учениците разговаравме и околу потребите што ги имаат младите и поддршката во искористувањето на можностите за личен развој“, нагласи градоначалникот Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago