Преку изработки од рециклирани материјали дечињата од градинките од Струмица упатија јасна порака дека од отпад може да се создаде уметност
По повод 5
јуни – Светски ден на животната средина во домот на АРМ се одржа голем настан
со мали учесници, а големи креатори од детските градинки „Детска радост“ и
„Виножито“. Преку нивните изработки од рециклирани материјали упатија јасна
порака дека од отпад може да се создаде уметност. На учесниците и гостите на
изложбата им се обрати Елена Маѓеровска Паликарова заменик градоначалник на
општина Струмица.
-Општина
Струмица ги има сите услови за собирање, селекција и рециклирање на отпадот
преку набавка на интегриран систем за рециклирање, односно платикомати и канти
за селекција на отпад за домаќинствата, што претставува уште еден влог, покрај
останатите активности кои што ги спроведува, за заштита на животната средина.
Но, не е
доволно само тоа што го прават Градоначалникот и Општината со нивните партнери,
потребно е сите да се вклучиме и да го дадеме нашиот придонес во заштитата на
животната средина. Да го селектираме и повеќе да го рециклираме отпадот, да си
ја чуваме и заштитуваме нашата Струмица, за да ни биде чиста и убава и за нас и
за генерациите по нас.
Дечиња ви
благодарам за вашиот труд во креативните изработки од рециклирани материјали на
оваа прекрасна изложба, и не само денес кога го одбележуваме Светскиот ден на
животната средина, туку секој ден нека биде ден во кој сите ќе се грижиме за
средината во која живееме, рече Маѓеровска Паликарова.
Овој настан го организираше општина Струмица во соработка со Друштвото за управување со отпад НУЛА ОТПАД од Скопје.