Струмица

Превентивни активности на СВР Струмица со децата од ООУ „Видое Подгорец“ и детската градинка „Среќни насмевки“

Вчера во посета на СВР Струмица беа учениците од прво одделение од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица. Од страна на Отсекот за превенција, заедно со полициски службеници од ПС ОН Струмица, на децата им беа покажани просториите на ПС ОН Струмица и полициските возила, а децата имаа можност да се запознаат со полициската професија и важноста на полициската работа, како и опремата која ја користат полициските службеници, соопштуваат од СВР Струмица.

Во рамки на посетата се реализираше и едукативно предавање на тема „Безбедност во сообраќајот“ и преку едукативни видео материјали и непосредни разговори децата беа запознаени со основните сообраќајни поими, правила, прописи, како и со сообраќајните знаци.

Идентично вакво едукативно предавање за безбедност во сообраќајот од страна на Отсекот за превенција беше реализиран и во Јавната установа за деца-детска градинка „Среќни насмевки“ во Босилово, со децата од големите групи од Босилово и Моноспитово.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago