Македонија

Мицкоски го претстави Оперативниот план за вработување за 2025 година со кој ќе бидат опфатени над 16.000 граѓани

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржа прес-конференција на која го претстави Оперативниот план за вработување за 2025 година, вреден 40 милиони евра, а ќе опфати над 16.000 граѓани

Мицкоски истакна дека еден од главните приоритети на Владата е подобрување на благосостојбата на граѓаните преку намалување на невработеноста и создавање ефикасен и балансиран пазар на труд.

„Затекнавме хаос – работници кои не добиваат редовно плата, млади без перспектива, индустриско производство кое бележи загуби и огромна инфлација. Секојдневно се боревме со овие предизвици речиси една година. Затоа на последната владина седница го усвоивме оперативниот план за вработување вреден 40 милиони евра, кој ќе опфати над 16.000 наши сограѓани,“ изјави Мицкоски.

Според премиерот, планот содржи активни програми и мерки кои ќе овозможат создавање нови работни места, со фокус на младите, долгорочно невработените лица и корисниците на минимална помош преку мерките како што се, Директна поддршка за старт-ап бизниси на млади лица, и Системско справување со појавата на пожари, преку вработување на 400 нови пожарникари кои ќе бидат ставени на располагање на општините.

Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со спроведување на мерки за реална промена и подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Тој одговараше и на прашања околу договорот со Велика Британија кој веќе е потпишан и кој влегува во собраниска процедура, дека е од повеќекратно значење за Македонија, за нејзиниот политички и економски развој и тоа е договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Мицкоски појасни дека во наредниот период ќе се вложува и во осовременување на болниците во државата, а кочанската болница ќе биде прва на листата за подобрување на здравствените услови. Тој изрази жалење што во изминатите години и децении не се вложувало во здравството, но за единаесет месеци како што рече Мицкоси не стигнале да ги подобрат здравствените услуги за граѓаните.

Мицкоски: Што се однесува до мерките за млади.

Очекувано е од вклучените лица околу 65% да бидат млади до 29 години, особено затоа што сите мерки се креирани првенствено да ја опфатат оваа категорија, а притоа постојат и такви мерки кои имаат за цел посебно да ја таргетираат оваа група на граѓани. Младите се ставени во фокусот со цел да се спречи одливот на мозоци и работна сила, бидејќи тие се иднината на државата и економските стратегии на секоја една сериозна држава треба да се градат врз темелот на можностите и капацитетите на младиот човек. Како дел од тој сет мерки би ги издвоиле, и ако дозволите накратко би ги дообјасниме;

– Поддршката за самовработување-невработени млади лица до 29 години која според проекциите има опфат од 720 лица. Со оваа мерка невработените добиваат поддршка да започнат или да формализираат сопствен бизнис, со услов да се евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование. Висината на финансиската поддршка е 615.000 денари (неповратни средства за основање на бизнис) и 3.000 денари за финансирање на дел од трошокот за регистрација на правен субјект.

– Понатаму поддршка за самовработување-здружување во ДОО кое е предвидено да опфати 400 лица од кои 220 млади до 29 години, која има за цел да овозможи невработените да започнат или да формализираат сопствен бизнис, при што невработените лица треба да се евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование. Висината на финансиската поддршка изнесува од 861.000 денари до 1.230.000 денари (правен субјект од два содружника). Најнискиот износ од 861.000 денари се однесува на два содружника над 29 години, а највисокиот износ од 1.230.000 денари се однесува на два содружника до 29 години. Исто така може содружници да бидат лице до 29 години и лице над 29 години. Дополнително се предвидуваат и 3.000 денари за финансирање на дел од трошокот за регистрација на правен субјект.

– Потоа за практикантство чија цел е да вклучи 1.352 млади лица до 29 години за стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места, при што еден од предусловите е лицата да имаат минимум завршено средно образование.

– Младинскиот додаток за 3.500 млади до 23 години кои ќе засноваат работен однос или се вработени во дејностите од областа на производството. Оваа мерка е насочена кон зајакнување на капацитетите на стопанството со намера поттикнување на ангажирање на младите лица до 23 години за вработување во дејностите на производството по завршување на средното образование, со што ќе се придонесе до подобрување на нивниот животен стандард со работа и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Висината на финансиската поддршка изнесува 3.000 денари месечно по вработено лице.

И секако други проекти и мерки за вработување на младите лица содржани во годишниот оперативен план.

Освен тоа што фокусот на Оперативниот План за 2025 е посебно насочен кон млади до 29 година, дополнително со него се помага и на долгорочно невработените лица, корисниците на гарантирана минимална помош и поддршка на други загрозени категории на граѓани. Дозволете ми таксативно да набројам дел од програмите и мерките:

Поддршка за самовработување (претприемништво)-невработени лица над 29 години која има потенцијал да опфати 610 граѓани;
Поддршка за вработување на лица со попреченост, со опфат од 150 лица;
Обука на работно место кај конкретен работодавач, со опфат од 245 невработени лица евидентирани во АВРСМ;
Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот за 600 невработени лица;
Обуки за возачи за Ц, ЦЕ и Д-категорија за 200 невработени лица евидентирани во АВРСМ;
Но, и обуки за странски јазици, основни вештини за работа со компјутери и многу други мерки и програми.
Ги повикуваме граѓаните, правните субјекти и јавноста да се запознаат во целост со можностите кои ги нуди оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, да се запознаат со условите и бенефициите кои се нудат.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago