Детската градинка „Ацо Kараманов“ од Радовиш ги прави последните проби за завршната приредба која ќе се одржи во четврток. Во спортската сала 25 Мај во Радовиш со почеток во 18 часот во четврток 29 мај, ќе се одржи завршна приредба на дечињата кои ја завршуваат предучилишната година во градинка и ќе го започнат образовниот процес во основно училиште. 135 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение во некои од основните училишта во Општина Радовиш.
Ако се спореди пред десетина години оваа бројка на
првачиња е преполовена. Во 2013 година во петте Основни училишта во Општина Радовиш, биле запишани 264 првачиња а годинава 135 првачиња ќе го започнат
образовниот процес.
Со последниот попис од 2021 годна Општина Радовиш брои 24 122 жители. Според пописот во 2002 година Радовиш броел 28 244 жители, што значи населението во Општина Радовиш се намалило за околу 4.100 жители за 20 години.
Загрижувачка е состојбата и во нашата најблиска Општина Конче со последниот попис има вкупно население од 2 ,725 жители, а пред 20 години општината броела 3,690 жители односно за околу 1000 повоеќе од денеска.
Па одтука станува јасно зошто бројката на првачиња има драстичен пад, како во Општина Радовиш така и на ниво на цела држава Македонија.
Ако во 2000-та година во училиштата во земјава се запишале речиси 30.000 првачиња, од година в година бројката се намалува.
Така во учебната 2010/2011 година биле запишани 22.224 првачиња, во 2011 година 21.332 во прво одделение, во 2013 година 20.700 ученици.
Во Мај минатата 2024 година во Основните училишта во земјава се запишале 17.200 првачиња.