Денеска во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа
официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор.
Новоименуваниот
директор, Мухамет Али, изрази
благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и
ефикасно справување со кризните состојби.
„Ќе се
работи посветено на унапредување на капацитетите на Центарот, со посебен акцент
на меѓуинституционалната соработка, навременото информирање и брзата реакција
во случаи на криза,“ истакна Али.
Центарот за
управување со кризи останува клучна институција во системот за заштита на
населението и координација при справување со кризни ситуации од различна
природа.
На денешната
церемонија, на досегашниот директор г. Стојанче Ангелов му беше изразена
благодарност за неговиот ангажман и придонес во унапредувањето на работата на
Центарот.
Како што
информираше Ангелов, по претходен договор со претседателот на Владата Христијан
Мицкоски, тој е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со
кризи и од денес стапува на новата функција.
Ангелов,
како што информира ќе работи на обединување на ЦУК и на ДЗС во една
институција, како стратешка заложба на Владата за воспоставување на современ и
функционален, интегриран систем за управување со кризи и заштита и спасување,
кој ќе има соодветни капацитети да одговори на сите предизвици и ризици,
целосно усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО.