Гевгелија
Богата духовна и културно уметничка програма по повод Спасовден- заштитникот на градот Гевгелија
Објавено на
Од
Media Press
Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, а по повод одбележувањето на Спасовден- заштитникот на градот Гевгелија, следува богата 4-дневна културна уметничка програма.
Денеска на Градскиот плоштад во Гевгелија, со почеток во 20:30 часот, ќе настапи квартетот во состав на највиртуозните џез-музичари во Македонија- м-р Филип Динев, м-р професор Иван Иванов, Оливер Јосифовски и Ристо Ивановски. Станува збор за омаж на највиртуозниот џипси-џез гитарист изведен во автентичен француски стил со 2 гитари, контрабас и кларинет.Пред Концертот, со почеток од 19:30 часот, исто така на Градскиот плоштад во Гевгелија, со перформанс ќе настапи Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија.

Во прекрасната духовна оаза – манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ во Гевгелија, вчера 27 мај, се одржа свечен концерт посветен на богатото и инспиративно наследство на духовната музика. Настапија два истакнати вокални ансамбли: Градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија и Камерниот црковен хор „Св. великомаченик Пантелејмон“ од Велес под диригентските палки на м-р Илија Атанасов и проф. Славица Ставрева.

Академијата започна со пригодно и содржајно слово на тема: „Историјата на црковното пеење во Македонија“, кое го одржа архиерејскиот намесник на Гевгелиското архиерејско намесништво, протоереј-ставрофор Љупче Миланов. Во своето излагање, отецот ја нагласи длабоката поврзаност меѓу духовната музика и идентитетот на православниот верник, посочувајќи дека црковното пеење не претставува само уметнички израз, туку жив израз на верата, надежта и љубовта кон Бога- сведоштво за духовната традиција на нашиот народ.Маестралните настапи на двата хора беа проследени со силен одзив и емоции од страна на присутните- меѓу кои: свештенослужителите од Гевгелиското архиерејско намесништво; градоначалникот на општина Гевгелија, г. Андон Сарамандов;, како и броjни верници од Гевгелија, Валандово, Богданци и околните населени места.
Целовечерниот концерт со изведба на вкупно 7 црковни композиции беше висока културна и духовна точка во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“, а воедно и дел од годинашното чествување на Спасовден, кој се слави како заштитник на градот Гевгелија и слава на манастирот „Св. Спас“. Настанот ја потврди важноста на духовната музика како мост помеѓу традицијата и современиот живот, и беше светол пример за тоа како културната и верската заедница може заеднички да создава моменти на вистинска духовна возвишеност.
Поврзани содржини

Над 25.000 посетители на концертната вечер на Северина во Гевгелија во рамки големото МЕГА отворање

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена

Наскоро МЕГА ШОПИНГ ПАРК во Гевгелија, модерeн шопинг парк со голем избор на брендови, забава и услуги на едно место

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА за заштита и спасување „ДА ЈА СПАСИМЕ ИДНИНАТА“ во ООУ „Владо Кантарџиев“

ОД ЛЕГЕНДА ДО СЦЕНА: МИРАВЦИ ЈА ЖИВЕЕ „ЃУРА МАРА“

НАД 700 ПОСЕТИТЕЛИ НА САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЕГА ШОПИНГ ПАРК ГЕВГЕЛИЈА
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

