Струмица доби малопродажен парк на површина од 25 000 м2 насловен како СИМБОЛ Ритеил Парк
Струмица доби малопродажен парк на површина од 25 000 м2 насловен како СИМБОЛ Ритеил Парк … Овој модерно дизајниран парк со современа инфраструктура спроти автобуската е домаќин на познати брендови на глобално и локално ниво
Со официјалното отворање на Ритеил Паркот „Симбол“ – значајна, стратешка инвестиција со која Струмица добива нова урбана зона која ќе придонесе кон зголемена динамика на локалната економија и ќе го зајакне профилот на градот како регионален трговски и економски центар.
Ритеил Парк „Симбол“ се простира на површина од 25.000 квадратни метри и претставува модерен комплекс кој обединува голем број трговци и брендови, угостителски објекти и содржини за рекреација со нови 250 работни места. На свеченото отворање се обрати градоначалникот Костадин Костадинов кој потенцираше дека секоја нова инвестиција во општината значи можност за работа, за соработка, за раст, а Ритeил Парк „Симбол“ го носи сето тоа и повеќе.
-Овој „Симбол“ е доказ што сè може да се постигне кога ќе се спојат визија, одлучност и локални вредности. КИТ-Го Кланица Ладилник демонстрираа дека инвестирањето дома – во својата земја, во своите луѓе – создава долгорочна вредност и заедничка добивка. Довербата во Струмица и во нејзиниот потенцијал е вредна за почит и инспирација. Со новиот ритеил парк, денес одбележуваме уште еден чекор напред во трансформацијата на Струмица – во модерен, економски витален и европски ориентиран град. Им благодарам од срце, рече градоначалникот Костадинов.
Двајцата инвеститори потврдија дека ова било голем чекор за нив но се постигнала целта, бидејќи овде ќе се вработат од 200 до 250 луѓе кои ќе останат во Струмица и во Македонија да живеат и да работат во својата земја.