Струмица

Општина Струмица започнува со проектот „Мерење и анализа на загадувачи во воздухот на МИКРО локации“, прва општина на Балканот

На 6 локации  во Струмица се поставени сензорски монитори за откривање на изворите на загадувањето на воздухот. Прва општина во државата и на Балканот ќе гради мрежа каква што имаат светски метрополи како Лондон, Париз , Барселона и други.

„Уште еднаш потврдуваме дека здравјето на граѓаните и чистиот амбиентален воздух се и ќе останат наш приоритет. По електричниот јавен превоз и велосипедските патеки, со овој иновативен проект докажуваме дека сериозно се вложуваме во намалувањето на загадувањето на воздухот во Струмица.

Ова значи дека секој граѓанин на општина Струмица од денеска е инспектор и ќе може да следи концентрации за РМ2.5 честички од сензорските монитори, а оваа апликација ќе биде имплементирана и во Инспекциските служби на општина Струмица, каде деноноќно ќе се следи загадувањето на воздухот, и ќе можат брзо да реагираат за да ги санкционираат несовесните загадувачи.

Нашата мрежа постојано ќе се проширува и надоградува со нови локации и со проширување до сите населени места. Им благодарам на граѓаните и на невладинте организации кои го креваа гласот против аерозагадувањето и заедно баравме решенија за чист воздух во Струмица“ рече градоначалникот Костадинов.

За почеток се поставени 6 сензори но бројот ќе се зголеми за да се откријата потенцијалните жаришта на загадување на воздухот. Апликацијата ќе биде поставена на веб страната на Општина Струмица од каде секој граѓанин ќе може да ги следи податоците. Следниот чекор ќе биде преземање на одредени активности кон загадувачите со што ќе се реши загадувањето на воздухот.

Струмица е единствена општина која со сопствени средства го финансира овој проект за поставување на сензори за мерење на амбиенталниот воздух и откривање на загадувачите, рече проф, д-р Сашо Манасов, со чија помош се реализра овој прокет и се надева дека за во иднина ќе се јават и донатори.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago