Македонија

Апел за помош – Кате да добие шанса за достоинствен живот

Драги наши пријатели, сограѓани и компании, 

Ви пишуваме за нашата Катерина Ристовка која боледува од мултиплекс склероза од своите 24 години. Денес Кате има 36 години и веќе 12 години се бориме заедно со неа да и овозможиме да имa достоен живот во кој ќе може самостојно да ги извршува секојдневните активности но и да се надева на убава и здрава иднина.

За жал опциите кои ни преостануваат не можеме веќе да си ги дозволиме и затоа решивме да пробаме да се обратиме на пријателите, граѓаните и компаниите кои живеат во нашата заедница.

Новата терапија која треба да ја направиме изнесува 20.000 евра, веќе како семејство во овие 12 години ги потрошивме сите финансиски средства со надеж дека ќе доведат до подобрување на состојбата на Кате. 

Сепак би сакале да не губиме надеж и веруваме дека заедно, доколку ни помогнат нашите пријатели, сограѓани и компании, со нивните донации ќе успееме да ја обезбедиме терапијата. Донациите може да бидат мали но ако се многу ќе бидат доволно за да ја достигнеме сумата од  20000 евра.

На сите наши донатори и поддржувачи во борбата ќе им испратиме извештај за собраните средства, но се надеваме и дека ќе дојдеме со убави вести од Германија а на Кате ќе и се врати надежта за живот и насмевка на лицето.

Сметка за донација…

Од срце,

Семејствотото на Катерина Ристовска

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago