Гевгелија

ФК ” Кожуф ” доживеа срам без преседан! реагираат од СДСМ Гевгелија и бараат одговорност

Во исчекување на официјална реакција од надлежните институции како – Фудбалската федерација на Македонија;- Министерството за спорт;- Управа за јавни приходи;-Министерството за внатрешни работи;- Управа за финансиска полиција; – Основно јавно обвинителство во врска со вчерашниот натпревар помеѓу ФК ” Кожуф ” и ” Башкими ” од Куманово, бурните реакции помеѓу јавноста за играта на домашните фудбалери не престанува!ФК ” Кожуф ” е клуб со традиција повеќе од 100 години, и за жал поради лични суети, сатисфакции и интереси вчера го доживеа најголемиот срам во својата историја од своето основање!

ВИНОВНИЦИТЕ ИМААТ ИМЕ И ПРЕЗИМЕ!ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА! ОО СДСМ Гевгелија очекува одговори од градоначалникот Андон Сарамандов и мнозинството во Советот на Општина Гевгелија од дпмне, функционерите поставени на челниците позиции во ФК “Кожуф“.

-Каде се трошат народните пари кои Советот ги одделува за фудбалскиот клуб кој наместо да биде гордост на градот, стана срам за Гевгелија исто како што се случи и со женскиот ракометен клуб ” Гевгелија “?ОО СДСМ секогаш го поддржува спортот и сите културни настани кои носат добро и промоција на општината.

Во случајов ОО СДСМ Гевгелија цврсто ја поддржува истрагата што ја започна ФФМ и се очекуваат јасни и конкретни одговори за сé што се случувало зад кулисите. Очекуваме дека флоскулите на Христијан Мицкоски дека повеќе не важат ” ќе се јавам “, ” ќе завршиме работа ” да станат реалност! Од досега покажаното на дело – гледаме дека тие се само празни зборови за замајување на јавноста, и за тоа имаме доволно примери за ослободување од одговорност на повеќе лица, блиски до бивши високи функционери на дпмне.

Спортската јавност во Гевгелија е силно револтирана поради овие случувања од страна на функционерите на дпмне кон спортот и згаснувањето на ЖРК ” Гевгелија ” и сега постапката против ФК ” Кожуф ” што ” наводно ” ја отворија надлежните институции!Очекуваме ВИСТИНАТА ДА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА во најбрз можен рок, ВИНОВНИЦИТЕ ДА ОДГОВАРААТ, не само градоначалникот, советниците од дпмне и раководството на дпмне на чело со претседателот и НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ТАКВА ВЛАСТ да не се случи на Гевгелија!Гевгелија беше град со дигнитет а, последните 4 години живее со својот срам поради некадарноста на раководството на дпмне! стои во реакцијата од СДСМ , Гевгелија.

Извор: https://www.facebook.com/sdsmgvg

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago